дома Македонија Политика Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на...

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје, Каја Шукова е четврта

 Ѓорѓиевски е прв со 77.858 гласови, а Мециновиќ втор со 26,119. Кандидатот на „Вреди“ Башким Бакиу има 23.364, a кандидатката на СДСМ Каја Шукова е четврта со 22,470 гласови, а следи Скендер Реџепи од ДУИ со   21.005.

 

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје.

Според резултатите кои ги соопшти претседателот на ДИК Борис Кондарко, од 88,86 обработени избирачки мест,а Ѓорѓиевски е прв со 77.858 гласови, а Мециновиќ втор со 26,119. Кандидатот на „ВРЕДИ“ Башким Бакиу има 23.364, a Кандидатката на СДСМ Каја Шукова е  четврта со 22,470 гласови. Кандидатот на ДУИ Скендер Реџепи има  21.005.

Вториот круг на Локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Во Советот на Град Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ 69.521, па Левица 23.623, „Вреди“ е трета со 22,116, а ДУИ четврта со 21.246. СДСМ е петта партија според бројот на гласови во Советот на Град Скопје со освоени 20.806 гласови. Коалицијата Искуство за успех има освоено 5.834 гласови, ЗНАМ 4.317, а граѓанската листа „Независни заедно“ 4.237.

ПредходнаМицкоски: Темата ДУИ е затворена
СледнаВЛЕН прогласи победа во првиот круг во Чаир, Сарај, Боговиње, Теaрце, Желино и во Арачиново