дома Бизнис Шпигел: Германија планира да нарача уште 15 американски авиони Ф-35

Шпигел: Германија планира да нарача уште 15 американски авиони Ф-35

Германија планира да нарача уште 15 американски борбени авиони Ф-35, објави денес Шпигел.


Документите доставени до Буџетскиот комитет на германскиот Бундестаг наведуваат дополнителни воени приоритети како што е купувањето на авиони Ф-35А произведени од Локид Мартин, а според проценките на Министерството за одбрана предводено од Борис Писториус, за оваа набавка ќе бидат издвоени 2,5 милијарди евра.
Германските вооружени сили (Бундесвер) досега нарачале 35 модели од овој борбен авион, а првите модели треба да бидат испорачани во Берлин во 2027 година.
Ф-35 треба да ги замени застарените модели Торнадо, а стратешки е важно новиот авион да може да носи нуклеарно оружје, според Шпигел.
Со испораката на нарачаните 15 авиони, бројот на Ф-35 што ги има Германија ќе се зголеми на 50. Бундесверот неодамна нарача и 20 дополнителни авиони Еурофајтер.

ПредходнаГардијан: ЕУ е поблиску до договор за заем на Украина од замрзнати руски средства
СледнаКалас: Нов пакет санкции против Русија веројатно ќе биде усвоен оваа недела