Рускиот претседател Владимир Путин мора да прифати итен прекин на огнот во конфликтот со Украина „бидејќи времето не е на негова страна“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пред состанокот на Советот за надворешни работи во Луксембург.
Во врска со претстојната средба меѓу Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во Унгарија, Баро нагласи дека присуството на рускиот лидер во ЕУ „има смисла само ако доведе до итен и безусловно прекин на огнот“.
Понатаму, францускиот дипломат рече дека друга причина зошто Путин би го прифатил прекинот на огнот е фактот што руската економија е во лоша состојба , оптоварена со воени трошоци и „санкции што Владимир Путин продолжува да им ги наметнува на сопствениот народ“.
Претходно денес, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека „не е добро“ што рускиот претседател Владимир Путин може да отпатува во Унгарија, земја-членка на ЕУ, на разговори за Украина.