дома Магазин Втор тежок пораз за Шерон Озборн оваа година

Втор тежок пораз за Шерон Озборн оваа година

2025 година се покажа како особено тешка година за семејството Озборн. Само три месеци откако светот се збогува со рок легендата Ози Озборн, кој почина на 76 години по шестгодишна битка со Паркинсонова болест, неговата сопруга Шерон доживува уште една болна загуба.

“Не можам да верувам дека го објавувам ова, но мојот драг Елвис почина оваа недела”, напиша Шерон Озборн во емотивен пост на Инстаграм за смртта на нејзиното куче. Таа сподели четири фотографии со Елвис во текот на годините, додавајќи: “Тој ми даде 14 непроценливи години. Тој беше до мене до самиот крај. Почивај во мир, мое мило момче.”

Кели Озборн, ќерката на Ози и Шерон, исто така му оддаде почит на Елвис на социјалните мрежи. Во пост со две фотографии и едно видео од хаскито, таа напишала: “Со тешко срце ве информирам дека го загубивме Елвис оваа недела. Нашиот ангел чувар не остави. Елвис не се раздели од мене откако татко ми почина. Тој ми помогна да поминам низ најмрачниот момент од мојот живот”.

“Се обидувам да најдам нешто позитивно во оваа болка, и единственото нешто што ми доаѓа на ум е дека можеби на татко му требаше”, продолжи Кели. Слични се и коментарите под публикациите на двете дами од Озборн – дека Елвис отишол кај Ози.

Иако Елвис се приклучи на семејството пет години по завршувањето на реалното шоу The Osbournes, хаските често се појавуваа во нивните постови на социјалните медиуми и дури го посетуваа студиото додека Шерон беше домаќин на The Talk.

ПредходнаВанеса Кирби стана мајка за прв пат
СледнаДали Сара Фергусон исто така ќе се откаже од принцот Ендру?