дома ТОП ВЕСТИ Полициска акција во прилепската болница: уапсени се 27 лица за злоупотреба...

Полициска акција во прилепската болница: уапсени се 27 лица за злоупотреба во работата

 

Голема  акција на финансиската полиција во Прилеп. Според неофицијални информации приведени се 27 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница.

По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп постапува Управата за финансиска полиција во болницата во Прилеп. Од Обвинителството соопштија дека се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата болницата. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат утре.

Според информации од повеќе медиуми , истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра.

ПредходнаСаркози за влегувањето во затвор: Не затвораат поранешен претседател, туку невин човек
СледнаРусите синоќа го нападнаа Киев . Зградите гореа, имаше мртви и ранети.