дома Свет Балкан Родос погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени

Родос погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето во близина на грчкиот остров Родос, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).


Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од градот Родос.
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.

ПредходнаФЕСТИВАЛОТ „ХАУС ОФ ТРИ“ го враќа шармот на ноќниот живот на СКОПЈЕ
СледнаБританија испраќа воена мисија во Израел