Северна Кореја испали неколку балистички ракети со краток дострел, соопшти јужнокорејската војска, една недела пред самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) што ќе се одржи во Јужна Кореја.
Лансирањето на ракети, прво од мај оваа година, беше извршено од област во близина на Пјонгјанг во североисточен правец, а ракетите летаа околу 350 километри пред да паднат на земја, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејската армија, објави Ројтерс.
Јужна Кореја сподели информации за лансирањата со САД и Јапонија.
Веднаш беше свикан итен безбедносен состанок во Сеул, а претседателот Ли Џе-мјунг беше информиран за ситуацијата.
Јапонскиот премиер Санае Такаичи рече дека лансирањата немаат влијание врз безбедноста на Јапонија и дека Токио продолжува да споделува информации со сојузниците.
Се очекува претседателите на САД и Јужна Кореја, Доналд Трамп и Ли Џе-мјунг, да се сретнат во Јужна Кореја следната недела на маргините на самитот на АПЕК.
Трамп, исто така, треба да одржи билатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.Северна Кореја, која е под санкции на Обединетите нации поради нејзините ракетни и нуклеарни програми, продолжи да спроведува тестови и покрај меѓународните забрани.
Порано овој месец, Пјонгјанг претстави нова интерконтинентална балистичка ракета на воена парада, во присуство на кинескиот премиер.