дома Свет Британија испраќа воена мисија во Израел

Британија испраќа воена мисија во Израел

Обединетото Кралство распореди висок командант и мал контингент војници во Израел за да помогнат во следењето на кревкото примирје во Газа, потврди министерот за одбрана на островот, Џон Хили.

Распоредувањето на трупите е одговор на директно барање од САД и доаѓа само неколку дена откако министерката за надворешни работи Ивет Купер изјави дека нема планови за таква акција.

Британскиот офицер ќе биде заменик на американски командант во цивилно-воениот координативен центар, во кој ќе учествуваат и претставници од Египет, Катар, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

ПредходнаРодос погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени
СледнаΠaзapoт нa нeдвижнocти вo Typциja peгиcтpиpa пaд нa цeнитe