дома Свет Захарова „објаснува“ зошто Латвија ја мрази Русија и што премолчува

Захарова „објаснува“ зошто Латвија ја мрази Русија и што премолчува

Омразата на латвиските власти кон Русија произлегува од желбата да се одмазди за поразот на локалните колаборационисти од страна на советските трупи.

Захарова објаснува зошто Латвија ја мрази РусијаОва го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од ТАСС.

На својот Телеграм канал, таа коментираше за изјавата на латвиското Министерство за надворешни работи во врска со одбивањето да му се дозволи на авионот на рускиот лидер Владимир Путин да помине за потенцијална средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта.

„Ако Трамп одеднаш одлучи да праша што значи Латвија и зошто нејзиниот режим се однесува на тој начин, еве еден историски контекст на темата „како го поминав минатиот век ““, порачува Захарова.

 Таа пропагира  дека Латвија станала една од ретките територии каде што нацистите успеале да ја постигнат „централната цел на геноцидот врз источноевропското население – решението на „еврејското прашање“.

„Покрај тоа, домородното население на Латвија,според Москва, имало најактивна улога во истребувањето на своите соседи – 89% од Евреите (70.000 латвиски Евреи и 20.000 донесени од други земји), порачува кремаљскиот дипломат. Крвавиот масакр врз нивните сограѓани од страна на бруталните латвиски националисти честопати започнуваше дури и пред доаѓањето на нацистите.“

Официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи истакна дека денес Рига официјално им оддава почит на соучесниците на Холокаустот како борци за независност, годишно дозволувајќи „легионерски маршеви“. „Она што во суштина е направено тука е ревизија на резултатите од Втората светска војна“, нагласува  Захарова, протнувајќи ја перцепцијата  за  правдата на Москва односите со Латвија.

ПредходнаРусија го ослободи францускиот велосипедист кој нелегално ја премина границата преку Кина
СледнаЛиcaбoн, Maдpид и Бapceлoнa ce гpaдoвитe вo EУ ĸaдe штo дoмyвaњeтo „jaдe“ нajгoлeм дeл oд пpиxoдитe