Во тек е итен состанок на Штабот за заштита и спасување кадешто носиме одлуки за справување со кризата со сметот во Центар.
Градот Скопје денес се соочува со сериозна еколошка криза. Целиот град е затрупан со отпад, што веќе не е само хигиенски, туку здравствен и епидемиолошки проблем. Оваа состојба е крајно алармантна! Не може и нема да чекаме некој друг да го реши проблемот.
Правиме мобилизација на сите служби и ресурси во општината и на ПОЦ, велат од Општина Центар.