Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, порача дека првиот круг од изборите покажале дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараат ниту изневерат. На опозициската СДСМ им порача се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, додека, пак, за ДУИ, премиерот оцени дека тие добиле порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење.
Некои политичари, пак, кажа премиерот, мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички продуцирани разлики.
-Изборите од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме. Од друга страна, пак, нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места, рече Мицкоски.
Според премиерот, иако се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, се со нереални математики само дополнително го иритираат.
Посочи дека овој бран на огромна поддршка и ваква разлика со конкурентите е огромна одговорност за нас, и ние ќе работиме да ја оправдаме довербата.
-А на СДСМ им оставаме време да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека последните избори испратиле порака и до нивниот коалиционен партнер еден од лидерите на вреди Билал КАсами, актуелен градоначалник на Тетово и до ДУИ.
-ДУИ доби порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, врани и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот – живот што граѓаните 20 години не го добија со таа партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас, нагласи Мицкоски.
Премиерот подвлече дека сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката нека го видат и нека научат од примерот и падот на ДУИ и ќе разберат на што мислам.
Во однос на Биолал КАсами која за албанска телевизија изјави дека ќе го поддржи кандидатот на ДУИ , за Кичево , бидејќи бил Албанец наспороти кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.
-И тоа е добра лекција и за некои други политичари на македонската политичка сцена кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партнери треба да сме подготвени да се обединиме и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики. Ако е тоа така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата помеѓу нив и Али од Зајас, кого сакаат да го заменат, истакна Мицкоски.
Премиерот кажа дека луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови кои може човек да ги насочи.
-И тоа е погрешно. Луѓето треба да се третираат како човечки со судбини кои сакаат подобар живот и кои треба да гласаат по сопствено убедување. Сакам да кажам дека ниту еден од нас не ги има гласовите во својот џеб и дека поддршката треба да се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност и разлики. Се поинау од ова сметам дека е погрешно. Во тој контекст, треба да прифати дека станал градоначалник со волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволи да ја изневери. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата, нагласи Мицкоски во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ во Македонскиот народен театар.
Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово, првиот круг го заврши со водство пред кандидатот на ДУИ, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ кои немаа свој претставник поради договор меѓу владините партнери. Касами сега повика и на обединување на албанските гласачи и во Брвеница и Долнени, каде во вториот изборен круг на 2 ноември ќе се соочат со ВМРОДПМНЕ, со што се обидува да ги придобие и подржувачите на Интегративците.
Покрај Тетово, претходно, во првиот изборен круг, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга, каде дел од трките продолжуваат во втор круг. Мицкоски потсети дека таа поддршка била дел од заедничките стратешки цели и оти очекува почит за жртвата што, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ја дала за колицијата.




