
„ Брисел избра војна. Тие формираа „Коалиција на волјата“, подготвена да ги испрати другите во смрт. Повеќе оружје, повеќе пари за Украина: тие го направија конфликтот свој. Мирот веќе можеше да биде тука , под претседателот Трамп, ако оние во Брисел само престанат да го попречуваат патот напред“, нагласи тој на социјалната мрежа X.
Одделно, унгарскиот премиер за радио „Кошут“ изјави дека неговата влада работи на избегнување на одлуката на ЕУ за забрана на увоз на енергија од Русија.
„Навистина има санкции против некои руски нафтени компании . Ја започнав неделата со неколку разговори со менаџментот на МОЛ. Работиме на начини да ги заобиколиме овие санкции “, истакна тој.
Рафинериите на MOL во Унгарија и Словачка, со комбиниран капацитет за преработка од 14,2 милиони тони сурова нафта годишно, зависат од руската сурова нафта транспортирана преку нафтоводот „Дружба“.
Словачката единица на МОЛ, „Словнафт“, вчера соопшти дека го анализира можното влијание врз нејзиното работење од санкциите на САД, кои ќе стапат на сила подоцна во ноември.
Минатата година, MOL се соочи со проблеми со снабдувањето кога Украина воведе санкции кон Лукоил . Компанијата склучи договори за преземање на сопственоста врз засегнатите количини сурова нафта на белоруско-украинската граница за да продолжи со снабдувањето.




