дома Македонија Политика Претседателот на скопската организација на СДСМ, Галетановски, поднесе оставка

Претседателот на скопската организација на СДСМ, Галетановски, поднесе оставка

 

Пет дена по локалните избори претседателот на Градската организација на СДСМ на Скопје, Ѓорѓи Галетановски, поднесе оставка. Причините се во лошиот резултат на СДСМ на изборите во главниот град каде кандидатот за градоначалник, Каја Шукова, заврши на четвртото место, а СДСМ освои само пет советнички места. Оставката на Галетановски ја соопштија неколку медиуми, но нема официјална потврда од партијата.

Оставката била неотповиклива и е од морални причини и лични причини. Официјално од СДСМ потврдуваат дека оставката е доставена во седиштето на партијата.

„Оставката е поднесена од лични и морални причини и е доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“, изјавиле за ТВ24 од СДСМ. Во мандатот на Петре Шилегов во Град Скопје Галетановски беше директор на Зоолошката градина.

ПредходнаХрватскиот парламент гласаше за воведување основна воена обука
СледнаБурни реакции околу местото на погребување на поранешниот началник на Југословенската армија. „Тоа е понижување“