дома Без филтер ГЛУВЦИ И ЛУЃЕ

ГЛУВЦИ И ЛУЃЕ

За четири години отсега, од среден век ќе стасаме во времето на Александар Велики. Кога луѓето немале свест за опасноста од заразни болести.

Кај и да е, партиите на власт лесно ќе го убедат своето гласачко тело дека дури и добро е што имаме стаорци. Каков главен град би биле ние ако немаме стаорци, кога во сите светски метрополи има и глувци и стаорци. Порано, на граѓаните што се бунеа против неконтролирано градење, бетонизација, и бараа повеќе паркови, власта им викаше: Кој сака зеленило нека се пресели да живее во село. Новото мото е: Кој не сака глувци и стаорци нека се пресели на планина.

Што сѐ  може да проголта еден гласач, кој гласа како што ќе му каже партијата, се виде откако вмровските гласачи му дадоа поддршка на Билал Касами од „Вреди“ повторно да биде градоначалник на Тетово, а тој ги повика гласачите на „Вреди“ во Кичево да гласаат за Фатмир Дехари од ДУИ, а не за кандидатот на коалиционот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Касами вели: Каде што има Албанци во вториот круг, ќе ги поддржиме Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека „крвареле“ и му било многу тешко кога ги гледал сопартијците од Тетово, Гостивар, Струга, Чаир и Дебар оти морале да гласаат за кандидатите на „Вреди“, а за возврат не добиле „почит за жртвата“.

И сега, за кого ќе гласаат вмровците во Тетово откако беа убедени дека тоа што немаа свој кандидат за градоначалник Македонец било стратешки македонски интерес? За „Вреди“, иако Билал Касами им „забоде нож в грб“, или за ДУИ за која Мицкоски вели дека стратешка определба е да ја снема од политиката. И рече дека ДУИ е веќе завршена приказна. Оти од партија им рекле дека во Коалицијата „Вреди“ се добрите, и тие се „наши“. Е добро де, само Билал Касами од БЕСА не чини. И му се лутат само на Касами, а не на својот лидер кој направил погрешна проценка.

Па Билал Касами од БЕСА не си остана на бесата и кога правеше коалиција со Зоран Заев за парламентарните избори во 2020. А и „каменот одблизу доаѓа“ остана како ехо од прислушуваните разговори меѓу Сашо Мијалков и Муса Џефери.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк

ПредходнаБурни реакции околу местото на погребување на поранешниот началник на Југословенската армија. „Тоа е понижување“
СледнаСитуацијата во Украина драматично се менува, и тоа не само на фронтот