дома Свет Трамп: Би сакал Кина да ни помогне во односите со Русија

Трамп: Би сакал Кина да ни помогне во односите со Русија

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека би сакал Кина да ни помогне на Вашингтон во односите со Русија.


„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, објави Ројтерс.
Трамп тргна на патување во Азија, каде што се очекува да разговара за инвестициски договори, мировни иницијативи и трговски прашања.
Негова прва станица е Малезија, каде што ќе присуствува на регионален самит и ќе се сретне со премиерот на земјата, Анвар Ибрахим, како и со лидерите на Тајланд и Камбоџа за да потпишат проширен договор за прекин на огнот меѓу двете соседни земји, објави АП.
Американскиот претседател рече дека „должил посета“ на малезискиот премиер, кого го нарече „многу добар човек“.
По Малезија, Трамп ќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, каде што се очекува да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Бусан.
Трамп рече дека очекува „добра средба“ со Си и е „оптимист“ за постигнување „фантастичен договор“ меѓу двете земји.
Трамп ќе се сретне со новиот јапонски премиер Санае Такаичи во Токио и се очекува да разговара за инвестициски договори во вредност од околу 900 милијарди долари во замена за намалување на планираните американски царини.
За време на турнејата, Трамп би можел да разговара и со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва за можни намалувања на царините и регионална соработка.
Белата куќа сè уште не ја потврдила средбата.

ПредходнаНајголемиот воен брод во светот се упатува од Сплит кон Карибите. Мадуро е бесен
СледнаПроменливо облачно време со сончеви периоди