Аукциската куќа „Сотби“ објави дека ставила на продажба, како дел од својата „Кралска и благородничка распродажба“, брошка што му припаѓала на францускиот император Наполеон, која нема никаква врска со спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз на 19 октомври, во кој бил украден накит од колекцијата на Наполеон.

Според аукциската куќа, станува збор за дијамантска значка за капа што Наполеон ја носел во легендарната Битка кај Ватерло во 1815 година, која ја изгубил за време на бегството по поразот од Британците и Прусите, а која ја пронашле и ја чувале самите Прусите, објавува денес „Свисинфо“.
Брошот на Наполеон била предадена само три дена по битката на прускиот крал Фредерик Вилијам III како воен трофеј, а подоцна паднала во посед на германските императори, пред да заврши во приватна колекција.
Тркалезниот брош, со дијаметар од околу 4,5 сантиметри, во центарот има 13-каратен овален дијамант, опкружен со други дијаманти, а се проценува дека вреди до 216.000 евра.
Како што е најавено, аукцијата, на која ќе биде претставен и друг накит, ќе се одржи на 12 ноември во Женева.




