дома Свет Балкан ЦИК во Приштина ги објави конечните резултати од локалните избори во 35...

ЦИК во Приштина ги објави конечните резултати од локалните избори во 35 општини

Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина   ги објави конечните резултати од локалните градоначалнички избори во 35 општини.


Резултатите од изборите одржани на 12 октомври не се објавени за Приштина, Јуник и Мамуша, бидејќи жалбите сè уште се разгледуваат.
Српската листа победи на градоначалничките избори во девет од 10 општини со српско мнозинство – Звечан, Лепосавиќ, Зубин Поток, северниот дел на Косовска Митровица, Грачаница, Штрпце, Ранилуг, Ново Брдо и Партеш, додека во Клокот нејзиниот кандидат ќе оди во вториот круг на изборите на 9 ноември.
Кога станува збор за албанските партии, кандидатите од Самоопределување победија во Подуево, Штимле и Косовска Каменица, а кандидатите од Демократската лига на Косово во Липјан и Исток.
Во Скендерај, Џенерал Јанковиќ и Феризај, победија кандидатите на Демократската партија на Косово, а во Дечани и Клина, кандидатите на Алијансата за иднината на Косово.
Во Малишева победи кандидатот на партијата Нисма.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 9 ноември во Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Качаник, Клина, Фуше Косово, Јужна Митровица, Обилиќ, Ораховац, Пеќ, Приштина, Призрен, Сухарека, Вити, Вуштри, Јуник, Мамуша и Клокот.

ПредходнаРуски дронови и ракети го пречекаа германски министер во Киев
СледнаКина: Мирното „обединување“ со Тајван е најдобриот пат напред