дома Свет Балкан Тричлено семејство загина во сообраќајка во Белград

Тричлено семејство загина во сообраќајка во Белград

Тричлено семејство загина во тешка сообраќајна несреќа во Белград кога во нивното возило удрило друго возило управувано од 24-годишеник кој бил под дејство на алкохол.

Радио телевизија Србија (РТС) соопшти дека е уапсен 24-годишниот Н.Ѓ. под сомнение дека со 1.17 промили алкохол предизвикал сообраќајка.

Сообраќајката се случила кога два автомобила „ауди“ и „хундаи“ се судриле на аголот од улиците „Омладинска бригада“ и „Булевар на хероите од Кошара“ во Нов Белград.

Во несреќата загинале маж (1982), жена (1987) и дете (2016), а совозачот во „аудито“ е пренесен во Ургентниот центар.

– Возачот на Аудито, Н. Ѓ. (2001), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол од 1,17 промили“, соопшти српската полиција.

 

ПредходнаПод влијание на циклон, од денеска дожд и ветер
СледнаПожар во камп приколка во Долно Лисиче, нема повредени