Лидерот на СДСМ Венко Филипче најавуват кадровски промени во партијата по завршување на вториот круг на локалните избори.
Задоволен е од резултатите постигнати од првиот круг на општините и се надева дека граѓаните во вториот круг на 2 ноември ќе ги препознаат вредностите на кандидатите за градоначалници и програмата што ја нудат.
– Има добар дел од општините, тоа се општини каде добивме градоначалници и каде влегуваме во вториот круг, каде бројот на гласови во однос на ланските избори е значително зголемен што значи дека работата во изминатиот период дала ефект и е видлива консолидацијата. Од друга страна има општини каде тоа не се случи. Тука пред се мислам на скопските општини, но за мене оваа измината една година после еден таков тежок пораз лани и интензивна работа сега овие избори се показател како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, изјави Филипче.
Обвини за сериозни притисоци во сите општини непосредно пред гласањето и во претходниот период посочувајќи на финансиски контроли и полиција во ооштините каде имаат градоначалници, нудење пари…
За сето тоа се известени надлжените институции, рече Филипче.
Конечен став за тоа кого ќе поддржат во вториот круг од изборите во оние општини каде немаат свој кандидат ќе биде познато до средината на следнава недела.




