дома Локално Обилни врнежи насекаде во Македонија

Обилни врнежи насекаде во Македонија

Територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова и истиот условува во оие утрински часови да имаме обилни врнежи насекаде во нашата Македонија, Сепак најобилни врнежите се во западните предели од нашата Македонија.

Повремено дува засилен до силен ветер од западен и од југозападен правец кој е најизразен во западните предели од нашата Македонија каде има  и локална појава на грмежи.

Врнежите продолжуваат и во текот на денешното претпладне  и локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи. Врнежите ќе престанат денес во попладневните часови кога особено во Повардарието ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен.

ПредходнаПолициски службеник од Њу Џерси застанал на банкомат и пицерија на пат кон местото на злосторството
СледнаАмериканскиот сенатор Линдзи Греам: Копнениот напад врз Венецуела е реална можност