дома Локално Герасимовск: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза, на 13 декември...

Герасимовск: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза, на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто Работнички ќе издвојува голема победа, стои во соопштението на Општина Центар .

Герасимовск: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза, на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.

80% од реконструкцијата се завршени. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

ПредходнаСудири и жртви во близина на пакистанско-авганистанската граница
СледнаУште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг