дома Македонија Мицкоски негира дека е можна коалиција со Рамиз Мерко

Мицкоски негира дека е можна коалиција со Рамиз Мерко

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрла пишувањата во дел од медиумите за наводна коалиција со Рамиз Мерко.
– Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, инаку апсолутно е неточно, изјави денеска Мицкоски.

ПредходнаНормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес
СледнаГерасимов до Путин: Претседателе, 10.000 Украинци се опколени