дома Македонија Мицкоски очекува интересна разврска со случајот со сметот

Мицкоски очекува интересна разврска со случајот со сметот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува интересна разврска во случајот со отпадот во Скопје.
-Мислам дека таму ќе има разврска, која што ќе биде многу интересна да ја следите, изјави денеска Мицкоски.
Очекува од кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски да го исполни даденото ветување дека ќе го исчисти сметот за 72 часа.
За проблемот со отпадот во Скопје веќе постапува Основното јавно обвинителство од каде информираа дека се преземаат дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело.
Проблемот со отпадот беше тема на разговор и на итниот состанок на ЗЕЛС, а со препораки до граѓаните излегоа и од Институтот за јавно здравје.

ПредходнаГерасимов до Путин: Претседателе, 10.000 Украинци се опколени
СледнаРусија тестира „летачки Чернобил“. Путин: Никој во светот нема такво оружје