Дизелот од полноќ поскапува за еден денар, а бензините за половина денар. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика поскапуваат и мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 75,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по дена од 67,5 денари за литар.
Новата цена на мазутот ќе изнесува 36,057 денари.
Поскапувањето се должи на зголемувањето на нафтените деривати на светскиот пазар.




