дома Свет Балкан Најмалку 19 лица повредени во земјотресот што ја погоди Турција, нема жртви

Најмалку 19 лица повредени во земјотресот што ја погоди Турција, нема жртви

   Најмалку 19 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, објави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.
Тој рече дека од 19-те повредени, четири лица се повредени поради скокови и падови и дека се пуштени дома откако биле примени во болница, објави Милијет.

 

„Сите повредени се во добра состојба и нивното лекување продолжува во болниците. Им посакувам брзо закрепнување“, рече Мемишоглу.
Според последните податоци, во земјотресот нема жртви, а се урнаа три згради и една продавница.

Земјотресот го погоди западниот дел на Турција доцна во понеделникот навечер во близина на градот Синдирги, а беше почувствуван и во Истанбул и во некои делови од Грција.
Очевидци велат дека земјотресот бил силен и траел долго време.
По главниот удар, следела серија послаби последователни потреси.

ПредходнаПлатите се високи, работата е исклучително стресна, а во Хрватска има недостиг од контролори
СледнаКралот Чарлс повикан поради врските меѓу принцот Ендру и Џефри Епштајн