дома Локално И денеска дождливо, ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд...

И денеска дождливо, ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите

Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните  и во раните попладневни часови во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните  и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Во Скопје  и околината со овој бран ќе има појава на повремен локален дожд а повремено ќе дува  и засилен ветер од северен правец.

Максималните температури денес во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 16 степени.

ПредходнаОбвинителството со детали за апсењето на директорот на Комунална хигиена, познато е за кое дело го сомничат
СледнаШведска ќе ги затвора и 13-годишниците за кривични дела