дома Избрано Кафулињата на гробиштата во Берлин стануваат популарни места за дружба

Кафулињата на гробиштата во Берлин стануваат популарни места за дружба

Бројот на кафулиња што работат во гробиштата во Берлин расте и тие станаа популарни места за средби, објавија германските медиуми.


Според достапните податоци, во Берлин моментално има околу десет кафулиња на гробиштата, кои се наоѓаат во мирни, зелени делови од градот, пишува Гардијан.
Иако првично предизвикаа загриженост за можно нарушување на достоинството на местото, повеќето граѓани сега ги прифаќаат како дел од локалната заедница.
Едно од најпознатите кафулиња, „Лизбет“, се наоѓа во поранешна парохиска сала во населбата Берлин Мите.
Неговата сопственичка, Кјара де Мартин Топранин, рече дека гостите се „особено емпатични и помирни отколку во вообичаените градски кафулиња“.
Кафулето работи со почит кон ожалостените и забранува бучни прослави и свадби.
Првото кафуле на гробиштата во Германија, „Финово“, е отворено во 2006 година во населбата Шенеберг.
Го започна долгогодишниот активист за ХИВ Бернд Босман, кој сакаше, како што рече, „да создаде пријатно место за живите во простор наменет за мртвите“.

Моделот оттогаш се прошири и во други делови од градот.

Во населбата Нојкелн, кафулето Грам 21 е сместено во поранешна капела, додека во Вединг се наоѓа „Марс“, сместен во напуштен крематориум.

Експертите велат дека ваквите проекти придонесуваат за зачувување на запоставените гробишта и нудат економска одржливост во време кога бројот на традиционални погребувања е намален.

Според посетителите, гробиштата нудат „уникатна комбинација од мир, природа и размислување“.
Феноменот на гробиштата, кој потекнува од Берлин, сега привлекува интерес и во други германски градови, каде што се разгледуваат слични иницијативи.

ПредходнаOpenAI: Повеќе од милион корисници на ChatGPT покажуваат суицидални мисли
Следна„Hoвapтиc“ гo ĸyпyвa „Aвидити Биocajeнc“ зa 12 милиjapди дoлapи вo дoгoвop штo ja зajaĸнyвa нejзинaтa пoзициja вo гeнcĸитe тepaпии