дома Македонија Приведените од Комунална хигиена сеуште во полициска станица

Приведените од Комунална хигиена сеуште во полициска станица

Двете лица од раководството на „Комунална хигиена“ кои вчера беа приведени, се уште се во полициска станица.
Од Јавното обвинителство информираат дека постапката е во тек и повеќе детали најавуваат за подоцна.
– Лицата се задржани и постапката е во тек, велат од ЈОРСМ.
Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми, а според информациите на телевизија Телма, вториот приведен е Аки Саити, раководител на сектор за управување со отпад.
Двајцата се сомничат за кривично дело согласно член 230 од Кривичниот законик односно за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.

ПредходнаДИК треба да ги објави конечните резултати од првиот круг
СледнаКако урнатиот ѕид на Белгородското езеро ќе влијае на фронтот во Украина?