дома Македонија Економија Ќе се субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор

Ќе се субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор


Владата објави дека повторно ќе го субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор, како антикризна мерка, но овој пат опсегот на субвенционирање ќе биде за зголемувања од 3.000 до 10.000 денари за работниците од страна на работодавачите.

Ова ќе важи само за тие што имаат плата најголема до една и пол просечна во последните три месеци.

– За зголемениот износ се плаќа само данок на личен доход, а се ослободува за тој дел од плаќање на придонеси, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Мерката ќе трае во наредните 12 месеци. Претходната мерка за субвенционирање на зголемениот износ на плати од страна на Владата заврши лани и важеше за зголемување на платите дополнително до 6.000 денари.



ПредходнаДо 1.800 денари месечно за учениците, по 3.000 денари за оние со најниски пензии
СледнаОд почетокот на годината во ЕУ илегално влегле 300.000 мигранти