дома Македонија Економија Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

  Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увозВкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.

Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.

Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1 859 697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6 %, домаќинства – 26.1 %, индустрија – 16.9 %, останати сектори – 8.4 %.

Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво

ПредходнаГигaнтoт зa cпopтcĸa oблeĸa „Aдидac“ co peĸopдни пpиxoди – ĸaдe вo cвeтoт cĸoĸoт нa пpoдaжбaтa e нajгoлeм?
СледнаУште една земја го призна Косово