Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во објава на Фејсбук ја оценува изјавата на Изет Меџити како невистинита.

– Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од Владата – Не. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ, вели Села.
Лидерот на ВРЕДИ Изет Меџити во телевизиско гостување вчера рече дека не ја негира можноста за влез на Села во Владата затоа што политичката сцена кај албанските партии е „измешана“.
– Не го негирам тоа, Може да биде, рече Меџити, додавајќи дека комуницира со Села.




