Истражна постапка е покрената против српски државјанин за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, прихотропни супстанции и прекурсори.
На 29 октомври на граничниот премин Табановце во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.




