дома Македонија СДСМ нема формални разговори со ниту една политичка партија, тврди Филипче

СДСМ нема формални разговори со ниту една политичка партија, тврди Филипче

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска ги повика граѓаните да излезат да гласаат во недела на вториот круг од локалните избори. Во општините каде СДСМ нема свој кандидат, симпатизерите на СДСМ ќе гласаат по сопствено убедување.
– Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани и гласачи без оглед за кого гласале во првиот круг. Ги повикувам и сите кандидати и нивните поддржувачи кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба за поддршка на овие вредносни политики, изјави Филипче.
Рече дека нема да навлегуваат, ниту пак досега навлегувале во некакви калкулации и заткулисни договори со некого и дека немаат соработка, ниту разговори со ниту една партија за избор на градоначалник на Скопје, ниту пак договор за поддршка во Карпош.
– Немаме формална соработка ниту разговори со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со Левица, нашите членови и симпатизери нека одучат врз основа на тоа кој сметаат дека ќе може подобро да го води градот, рече Филипче.

ПредходнаПриведен возачот кој удри малолетничка во Скопје и избега
СледнаКражби во Лувр: од Мона Лиза до смелиот грабеж на накит во октомври 2025 година