дома Свет Балкан Над 200 грчки пошти ги затвораат своите врати

Над 200 грчки пошти ги затвораат своите врати

Над 200 филијали на грчката пошта (Хеленска пошта или ЕЛТА) ќе престанат со работа од 3 ноември. Ова го објави грчкиот весник „Катимерини“.

Над 200 грчки пошти ги затвораат своите вратиВкупно 204 од 456-те пошти ќе престанат со работа. Ова претставува околу 45% од вкупната мрежа во земјата.

Грчката пошта истакнува дека станува збор за филијали со ограничен сообраќај и ниска комерцијална активност, што го прави нивното затворање неопходно.

Сепак, според „Катимерини“, не сите канцеларии на ЕЛТА што ќе бидат затворени биле во загуба.

ПредходнаКако вирусите исто така го оштетуваат здравјето на срцето
СледнаСалт Бае се фалеше дека се сретнал со Лука Модрич, Хрватите одговориле во коментарите