дома Свет Бразил: Седум членови на бандата убиени во престрелка со полицијата

Бразил: Седум членови на бандата убиени во престрелка со полицијата

Седум членови на бандата Командо Вермело беа убиени во Бразил во престрелка со полицијата кога се обидоа да преземат територија од соперничка група за трговија со дрога во градот Канинде, објавија денес бразилските медиуми.


Полицијата заплени четири пиштоли, три револвери, пушка, како и над 150 куршуми муниција и дрога за време на операцијата, објави G1globo.
Членовите на криминалната група Командо Вермело се обидоа да преземат територија од соперничка фракција, но беа пресретнати од полицијата и тактичките сили кои добија дојава за криминална активност во регионот.
Членовите на бандата фрлија неколку гранати кон полицијата, која возврати на оган, а седум членови на криминалната група беа убиени во престрелката.
Гувернерот на државата Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, им честиташе на локалната полиција за нивната храброст и решителност во борбата против организираниот криминал.
„Денешната епизода уште еднаш покажува дека ова е војна која не познава граници и бара единство на сите бразилски држави“, нагласи Кастро.

ПредходнаПентагон даде дозвола за испраќање на Томахавк во Украина. Одлуката е на Трамп
СледнаТрамп: САД ќе продолжат со нуклеарните тестови