дома Популарно Одлука за прекин на издржувањето казна затвор за Бојан Јовановски

Одлука за прекин на издржувањето казна затвор за Бојан Јовановски


Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекин на издржувањето казна затвор за Бојан Јовановски и одлуката  му е доставена, потврди за МИА неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

-Како бранител ја потврдувам информацијата дека ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице, изјави Туфегџиќ.

На 3 ноември беше одложена за 15 декември  јавната седница пред Апелацискиот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“.

Судијата Зоран Димитриевски тогаш констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека неговиот татко, обвинетиот Миле Јовановски не е присутен, но судот нема доказ за уредна покана.

-Имајќи го предвид наведеното. За денешната јавна седница нема доказ за уредна покана на обвинетиот Миле Јовановски. Советот оцени дека не се исполнети законските обврски за одржување и се одлага за 15 декември, информираше Димитриевски.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ заврши на 7 април 2022 година. Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите и тоа единствена казна затвор во траење од девет години на првообвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА

– Реклама –

ПредходнаКривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“
СледнаОперата „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ