дома Локално Цеца се попари во Велес и избега – ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА заради...

Цеца се попари во Велес и избега – ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА заради развеаното бугарско знаме.

 

 

На синоќешниот концерт во Велес нa српската турбофолк ѕвезда Цеца, таа на сцената при настапот, развеа бугарско знаме фрлено од публиката. Тоа предизвика неколкуминутни свирежи  викање УАА и оди си ,од присутните.

ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА ЦЕЦА ЗАРАДИ БУГАРСКО ЗНАМЕ СО НЕЈЗИНИОТ ЛИК     Очевидци велат дека знамето било на Република Бугарија, а во средината ликот на Цеца. Девојката која го фрлила кон Цеца бил дојдена од рано, со огромен букет рози.  По завршувањето на концертот Цеца се огласи на социјалните мрежи.

 

 

 

„Не ми е страно да прифатам било какво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Знаеме како се забавувавме, што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене”, рече Цеца.

 

Според организаторот, на концертот на Цеца во салата „Гемиџии“ имало околу пет илјади публика.  Негодувањето било многу силно што Цеца морала да си замине.

 

 По инцидентот се огласи и победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ. Тој тврди дека Цеца била изманипулирана од нејзината обожавателка и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно.

„Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ.

Во својата објава, Станишиќ потсети дека и самата пејачка претходно ја пеела песната „Бисер Балкански“ заедно со него, држејќи македонско знаме на сцената. Тој реакцијата за завршува со контроверзна порака:

„Сите се буните, а половина Македонија е со бугарски пасош. Срамота!“

 

Според полицијата за време и по концертот нема пријави за инциденти.

ПредходнаНеготинец преку социјална мрежа им се заканувал на жители на Криволак
СледнаСрбија на нозе, илјадници студенти и граѓани, одадоа почит за трагедијата во Нови Сад