дома Македонија Црна хроника Неготинец преку социјална мрежа им се заканувал на жители на Криволак

Неготинец преку социјална мрежа им се заканувал на жители на Криволак

Шеесет и седумгодишен жител на Неготино преку социјални мрежи објавил видео во кое ширел расистички и ксенофобични содржини.

Против него е покрената кривична пријава за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Лицето со иницијали Љ.Т. на 20 октомври преку личниот профил и профил кој го управувал на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа.

На 21 октомври во ОВР Неготино се примени три пријави, а на 24 октомври од страна на 107 жители на село Криволак, пријавено е дека Љ.Т. на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес.

ПредходнаХороскопски знаци кои напредуваат дури и под најголем притисок
СледнаЦеца се попари во Велес и избега – ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА заради развеаното бугарско знаме.