дома Македонија Гласаа болните и немоќни лица и затворениците, резултатите утре по 19 часот

Гласаа болните и немоќни лица и затворениците, резултатите утре по 19 часот

Заврши денешното гласање на болните и немоќни лица, затворениците и лицата сместени во установите за вонсемејна грижа.

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица до 20 часот, според информациите на Државната изборна комисија,во вториот круг од локалните избори гласале 3327 лица.

Во 14 казнено-поправни установи, каде своето право на глас можеа да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи.

Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи.

Од ДИК информираат дека гласањето се одвивало непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање ќе се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19 часот.

ПредходнаСрбија на нозе, илјадници студенти и граѓани, одадоа почит за трагедијата во Нови Сад
СледнаНеколку лица се избодени со нож во воз во Англија. Двајца се уапсени.