дома Македонија До 9 часот гласале 2,88 отсто од гласачите

До 9 часот гласале 2,88 отсто од гласачите

До 9 часот на вториот круг од изборите гласале 2,88 отсто од гласачите или 22. 379 граѓани. Во Скопје излезноста е 2,46 отсто.
Гласањето тече во најдобар ред, гласачките места се навреме и уредно отворени, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко на првата прес-конференција.
Мал застој поради технички проблем со смарт картичка на на уред за биометриска идентификација имало на избирачкото место 0385 во Дојран.
Во вториот круг на локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот, а околу 23 часот се очекуваат првичните резултати.

ПредходнаИЗБОРИ Скопје: Се гласа за Град Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари
СледнаРастечки тренд на напади врз новинари во регионот, мал број пресуди