дома Македонија Левица: Се води мртва трка во Скопје

Левица: Се води мртва трка во Скопје

Од политичката партија „Левица“ се задоволни од излезноста во вториот круг од локалните избори.

На прес-конференција одржана вечерва информираа дека во голем број на изборните места во Скопје се води мртва трка меѓу нивниот кандидат за градоначалник Амар Мециновиќ и неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

– Во голем број од изборните места има мртва трка меѓу кандидатите Арам Меџиновиќ и Орце Ѓорѓиевски. Засега знаеме дека во општините Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода каде актуениот градоначалник Орце Ѓорѓиевски забележавме дека имаме водство што ја отсликува волјата на народот, изјави портпарол Круме Богески.

 

 

 

ПредходнаПодатоците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат водство во Скопје и уште седум општини
СледнаНеизвесна трката во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје, СДСМ во Центар