дома Македонија Неизвесна трката во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје, СДСМ во Центар

Неизвесна трката во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје, СДСМ во Центар

Според податоците на Државната изборна комисија најнеизвесна е трката во општина Карпош. Од обработени 46 отсто од избирачките места кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Луковски има 6.139 гласови, а актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски 5.612 гласа.

За градоначалник на Град Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. Од обработени 80,85 проценти, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 75 368 глас или 59,41 процент наспроти кандидатот на Левица кој има 44 149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број гласови.

Во општина Центар води кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски со 6.400 гласа наспроти неговиот противкандидат од ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ.

 

ПредходнаЛевица: Се води мртва трка во Скопје
СледнаВо Куманово, Максим Димитриевски со тесна предност пред Стојановски