дома Македонија СДСМ прогласи победа во шест општини, Филипче обвини за притисок врз кандидатите

СДСМ прогласи победа во шест општини, Филипче обвини за притисок врз кандидатите

СДСМ вечерва прогласи победа во три општини во вториот круг – скопската општина Центар, Македонска Каменица и Зрновци кои заедно со трите општини од првиот круг има освоено вкупно шест градоначалнички места.

Лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека ги очекуваат конечните резултати и од уште неколку општини каде разликата е минимална.

Обвини дека во изминатите две недели се вршел огромен притисок врз кандидатите на СДСМ и дека не се бирале средства и методи.

– Во изминатите две недели во очи на вториот круг на изборите се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во 17 општини, не се бираа средства и методи и тоа само говори дека се соочуваме со истата дестуктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, рече Филипче.

Повтори дека изборите се најдобар патоказ за тоа во која насока ќе се движи партијата и најави кадровски промени следните денови.

Изјави дека не планира да понесе одговорност поради изборните резултати.

 

 

ПредходнаВо Зрновци 11 гласа ја одлучија победата за градоначалник
СледнаГерасимовски: Заедно победивме на овие тешки избори