Чистење на Скопје, а потоа и реорганизација на сите јавни претпријатија и реализација на закочените проекти, најавува Орце Ѓорѓиевски, за кого според првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија гласале 93.207 гласачи, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ кој има освоено 58.994 гласови.
– Скопје ќе го исчистиме заедно со сите јавни претпријатија и општествено одговорни компании. Приоритет ќе ми биде реорганизација на сите јавни претпријатија.Таму има целосен колапс, целосен хаос. Тоа нема да ме обесхрабри, напротив тоа ме мотивира. Апсолутна ревизија но и одговорност за сите што се огрешиле пред законот, изјави Ѓорѓиевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.




