дома Македонија ДИК ги објави првичните резултати од вториот круг на локалните избори

ДИК ги објави првичните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија вечерва ги објави првичните неофицијални резултати од вториот круг на локалните избори.

Според обработените 98,25 проценти од избирачките места, во вториот круг на изборите гласале 415 435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава.

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје е 35,05 проценти.

За кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски гласале 93.207 гласачи, а за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ 58.994 гласачи.

Податоците на ДИК покажуваат дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општина, кандидатите на ВРЕДИ во четири општини, додека СДСМ има освоено три градоначалнички места. Кандидатите на Движењето ЗНАМ и Унија на Роми освоија по едно градоначалничко место.

ПредходнаЧистење на Скопје и реорганизација на јавните претпријатија, најавува Ѓорѓиевски
СледнаМицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја!