Таксистите во Атика ќе стапат во 48-часовен штрајк во среда и четврток, 5 и 6 ноември, објави Синдикатот на таксистите во Атика (SATA).
Главните барања на SATA се однесуваат на поповолни услови за работа, објавува „Катимерини“.
Таксистите бараат и даночни олеснувања до 12.000 евра, како и бесплатен премин на такси возилата низ сообраќајните ленти без никакви ограничувања.




