– Да му посакам успех во понатамошната работа, затоа што успех на градоначалник не е само негов, туку е и успех за целиот град. Иако, резултатите вечерва не се како што ги очекувавме, дозволете ми да ви кажам дека сум многу горд што имавмe жива, креативна, инспиративна, најчесна кампања досега воопшто забележана во Куманово. Горд сум и на овој тим на храбри, млади, креативни, искусни луѓе кои беа со мене во ова политичко патување. Дозволете ми да ви кажам дека ова за мене не беше само изборна трка, ова беше градска школа за чест и достоинство, изјави Стојковски.
На наредните избори, Стојковски очекува поинакви резултати и посочи дека бројот на освоени гласови ги обврзува да продолжат понатаму.
– Тимот за „Ред во Куманово стои и денес и утре за сите кумановци и овој број на гласови не обврзува да продолжиме и понатаму. Нашите двајца советници ќе продолжат да ги бранат интересите на Куманово и се надевам дека на наредните избори ќе имаме сосем други резултати. Народот не препозна како луѓе од народот ние имаме обврска кон нив и наредните денови ќе бидете информирани за понатамошните чекори, најави Стојковски.



