Велосипедист загина денеска околу пладне во Скопје откако во него удрило патничко возило „пасат“ по што возачот побегнал.
Несреќата се случила околу пладне на булеварот „Гоце Делчев“, а случајот во полиција е пријавен околу 12:30 часот.
– По несреќата возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот, информира Министерството за внатрешни работи.




