Уапсен е возачот кој денеска удри во пешак на булеварот „Гоце Делчев“ и избега од местото на несреќата оставајќи го возилото.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен 37-годишниот Х.К. од Скопје.
– Денеска (03.11.2025) во Скопје полициски службеници од СВр Скопје го лишија од слобода Х.К (37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ (78) од Скопје кој од здобиените повреди починал на местото на настанот, соопшти полицијата.




