До 20 декември ДУИ ќе одржи партиски конгрес, одлучи денеска Централното претседателство на партијата. На седницата одржана во партиското седиште во Мала Речица не станало збор за оставки по изборните резултати.
– Дискутиравме за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата, одлучено е до 20 декември да се организираа партиски конгрес, изјави потпретседателот и портпарол на партијата Арбер Адеми.
Адеми рече дека не се разговарало за оставки имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.
– Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ја примивме пораката. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември, изјави Адеми.




